Услови за користење

Последно ажурирано: 22.02.2021

Компанијата СВНА ДООЕЛ обезбедува интернет услуги преку својата веб страница на доменот artella.mk, на WWW интернет мрежата. Услугата се состои од обезбедување на сервисни информации, управување со содржини и вршење на нарачки.

Условите за користење пропишуваат услови и правила за крајните корисници и се поврзани со користење на веб-сајтот artella.mk.

Со самото пристапување на веб-сајтот artella.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите за користење.

1. Oпшти одредби

Правото користење на веб-сајтот е лично право на корисникот, и не може во никој случај да пренесат на други физички или правни лица или било кој корисник овластен да потпишува други поединци или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за чувањето на доверливоста на лозинките, каде што тие постојат како такви. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека понекогаш се доведува до прекин на услугите, или за настани кои се надвор од контролата на СВНА ДООЕЛ и се согласува дека компанијата СВНА ДООЕЛ  не одговара за било каква загуба на податоци што може да се случи за време на преносот на информациите на интернет.

Со самиот пристап на веб-сајтот artella.mk кој е во сопственост на СВНА ДООЕЛ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење.

Компанија СВНА ДООЕЛ го задржува правото во секое време да ги менува или прекине податоците во било кој сегмент, без ограничување вклучувајќи ја и содржината на неколку часа и опремата потребна за пристап или употреба на овој сајт. Покрај тоа, компанијата СВНА ДООЕЛ може да престане да испраќа информации, може да се менуваат содржините или да се прекине на било кој начин пренос на податоци или брзината на пренос на податоци, како и сите други карактеристики.

Овој веб-сајт е во приватна сопственост. Сета меѓусебна комуникација и интеракција која се одвива преку веб-сајтот треба да биде во согласност со Општите услови за употреба. Крајните корисници не треба да ја користат оваа веб-страница за да објават или да пренесуваат било какви материјали кои се со заканувачка содржина или на кој било начин ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, со навредливи, клеветнички, пораки или ја крши приватноста, што е вулгарен, неприлична, или на друг начин непристоен во комуникацијата, која ги охрабрува нелегалните активности или на друг начин ги кршат кој било пропис.

Компанијата СВНА ДООЕЛ не е одговорна за точноста или веродостојноста на секое мислење, совет или изјава која е објавена на веб-сајтот artella.mk од лице кое не е овластено од страна на компанијата. На крајниот корисник останува одговорноста да се оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или други содржини достапни преку веб-сајтот artella.mk. Седиштето на компанијата СВНА ДООЕЛ  е во Скопје, Република Северна Македонија.

2. Плаќање

Во овој момент плаќањето е овозможено преку банкарски трансфер (про-фактура) или со платежна картичка користејќи го платежниот процесор на Халкбанк АД Скопје.

СВНА ДООЕЛ не е ДДВ обврзник, па прикажаната цена на веб страната е цена која ги содржи сите трошоци.

3. Достава

Цената за испораката е бесплатна.

Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која ќе ја наведете при самата порачка во рок од 5-10 денови. Доколку дистрибутерите не успеат да ве пронајдат на адресата која ја имате наведено, ќе бидете исконтактирани на телефонскиот број кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин или производот да се достави на друга адреса.

4. Рекламации

Artella.mk управувано преку правното лице СВНА ДООЕЛ во случај на рекламација постапува согласно Закон за заштита на потрошувачите (или според Закон за облигациони односи доколку се работи за правно лице).

Откако ќе биде испорачан производот/ите, препорачуваме да извршите детална проверка дали производот/ите се пристигнати на ваша адреса неоштетени.

Доколку забележите оштетување (односно доколку производот/ите се оштетени и сл.) испратете ни фотографија од амбалажата и производот на hello@artella.mk

Покрај фотографијата, потребно е да наведете и време кога е извршена испораката, како и број на нарачка по кој сте го нарачале производот.

Доколку утврдиме дека вашето барање е оправдано во тој случај вашата рекламација ќе биде процесирана во најкраток можен рок и ќе ви биде доставен нов производ или рефундирани вашите средства.

Рокот за пријава на рекламација на оштетување е 24 часа од моментот откако пратката ќе ви биде доставена.

5. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

6. Контакт информации

СВНА ДООЕЛ Скопје
ЕДБ: 4032020544663
hello@artella.mk
071 33 44 22