ОВА Е ПОЛИТИКА СО ИЗМЕНА НА 19.05
Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој СВНА ДООЕЛ Скопје (понатаму “СВНА”, “Ние”, “Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата artella.mk (понатаму: ”интернет страница”) и/или користење на услугата за купување на производи. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Содржината на веб-сајтот artella.mk е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат СВНА ДООЕЛ Скопје.
1. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за купување на производи. Доколку го преземете ова дејство се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. При Ваше купување на производи преку интернет страната, СВНА ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Вашето име и презиме
- Компанија (опционално)
- Држава / регион
- Улица
- Град
- Поштенски код / ZIP
- Телефон
- Е-маил адреса
При користење на услугата Рефундирање на средства, СВНА ги обработува Вашите лични податоци и тоа:
- Вашето име и презиме
- Вашиот e-mail
- Телефон за контакт
- Број на нарачка
- Причина поради која барате рефундација
2. COOKIES / КОЛАЧИЊА
За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“ [линк].
3. НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците при вашата посета на веб-сајтот и при користење за услугата за купување на производи се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
4. ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?
СВНА ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
- Овозможување на онлајн купување на производи
- Администрирање на содржината и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа
- Навремено информирање на корисниците за своите производи
- За реализација на онлајн купувањето на производи достапни на artella.mk
- За рефундирање на средства
- За контакт по пат на електронска пошта
5. НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од СВНА коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци. Обработката на Вашите лични податоци ја врши СВНА согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, СВНА применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои СВНА има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при користење на услугата онлајн купување на производи, СВНА има законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт, СВНА ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај СВНА ги чува податоците во рок од 1 (една) година.
6. ВАШИ ПРАВA
Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:
- Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
- Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
- Право на бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
- Право на приговор против обработката на личните податоци;
- Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
- Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на нашиот офицер Деспина Јованова:
Е-маил адреса: hello@artella.mk
Контакт телефон: +389 71 33 44 22
7. ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
8. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ
СВНА не врши пренос на лични податоци во трети држави.
9. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
10. ДАТУМ НА ОБЈАВА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
03.09.2021 годинa
*Artella.mk (СВНА ДООЕЛ) не одговара за евентуални измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалниот веб-сајт. Фотографиите прикажани на веб страницата artella.mk се од информативен карактер.