Политика за приватност

Кои сме ние?

Нашата веб страна е: https://www.artella.mk

Кои лични податоци ги користиме и зошто?

Artella.mk ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниту една трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, адреса, е-маил адреса, контакт телефон и сл. Купувачот лично гарантира за точноста на внесените податоци. Artella.mk (СВНА ДООЕЛ) не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Цените на сите производи на веб-сајтот artella.mk се изразени во денари. СВНА ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Artella.mk (СВНА ДООЕЛ) ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување преку користење на SSL безбедносен сертификат, преку кој целата комуникација помеѓу серверот на https://www.artella.mk и корисникот е енкриптирана. СВНА ДООЕЛ во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од платежна картичка на корисникот, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

Artella.mk (СВНА ДООЕЛ) не одговара за евентуални измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалниот веб-сајт. Фотографиите прикажани на веб страницата artella.mk се од информативен карактер.